АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Левица ги објави носители на пратеничките листи во шестте изборни единици, а во „Петката“ носител е Јована Мојсоска секретар на партијата.
Носител во ИЕ 1: Проф. д-р Димитар Апасиев, претседател на Левица, пратеник во Собранието на Република Македонија, доктор на правни науки, професор на Правниот факултет при Државниот универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.
Носител во ИЕ 2: Амар Мециновиќ, портпарол на Левица, член на Президиумот на Партијата и член на Советот на Град Скопје, активист за социјална правда и зачувување на животната средина.
Носител во ИЕ 3: Борислав Крмов, пратеник во Собранието на Република Македонија, член на Президиум на Левица и долгогодишен борец за социјална правда.
Носител во ИЕ 4: Сашко Јанчев, магистер по кривично право, член на ЦК и советник на Левица во Општина Гевгелија. Повеќегодишен борец за заштита на животната средина со фокус на југот на државата и борбата за Кожув да е национален парк.
Носител во ИЕ 5: Јована Мојсоска, дипломиран криминолог по финансиски криминал, генерален секретар на Левица и долгогодишен борец за социјална правда и заштита на животната средина и животните.
Носител во ИЕ 6 – Игор Димески, раководител на Сектор за енергетика и советник на Левица во Општина Центар.
Обајвено од А.Б