АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Продолжија активностите од втората фаза на проектот за комплетна реконструкција на улицата „Солунска“. Од оваа фаза, во досегашниот период изведени се канализација и приклучоци во должина од 152 метри и коловоз во должина од 138 метри. Со продолжувањето на работата на терен, ќе се изврши реконструкција на мешовита канализациона мрежа во должина од 554,2 метри, водоводна мрежа во должина од 223,25 метри и реконструкција на коловоз во должина од 566,65 метри. Вкупната вредност за планираните активности изнесува околу 25.000.000 денари. Додека траат работните активности, воспоставен е времен режим и улицата е затворена за сообраќај на потегот од „Трета реонска“ до улица „Пецо Божиновски“.
Општина Битола, покрај на оваа локација, работи на подобрување на инфраструктурата во населбата Недопирливи, Горно Оризари, на улицата „Захарија Шумљанска“ – кај Светонеделските гробишта, се подготвува за асфалтирање улицата „Крушевска република“, а пред отпочнување се и повеќе проекти на други локации, како во урбаниот, така и во руралниот дел на општината.
Објавено од А.Б