ООУ ЊКоле Канински“ Битола го одбележа Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот. Изработија ленти и букмаркери за подигање на свеста за прифаќање на децата со
аутизмот.
-Учениците од одделенска настава изработија пораки и ги прикачија на специјално дрво во холот на училиштето, создадено исклучиво за таа намена.
Во придружба на учениците од седмо одделение и волонтерите од Црвениот крст, ги посетивме соседните институции, градинката "Вангел Мајорот" и Центарот за социјална работа. Веруваме во инклузивно образование каде што секое дете има право да се развива. Ние како училиште се обврзуваме да ги почитуваме нивните потреби и да им обезбедиме инклузивно образовна средина каде што секој може да учи и расте, порачаа од ООУ „Коле Канински“ Битола.
А.Б