2win800x200

Коњановски-Се' што е ископано низ градот за топловодот изведувачот ќе го санира

Април 04, 2024
Заедно со претставници на фирмата за градежништво и услуги Рапид Билд, изведувач на топловодот, извршивме увид на состојбата на поставениот топловод на улицата „Македонски гемиџии“. Притоа, беше констатирана состојбата на терен, како и потребата од дополнителни санации на коловозот и јавните површини од двете страни на коловозот.
434743142 447293194482310 5575622550605124624 n
На мое барање, изведувачот, презеде обврска, во текот на следната недела, да ги санира направените оштетувања.
Дополнително, разговараме и за планираната динамика со која ќе продолжи да се реализира поставувањето на топловодот, при што беше договорено, во текот на месец април да се интензивираат активностите за поставување на топловод на трасата на улица „Партизанска“ на стационажа пред влезот од Градското шеталиште и паркингот пред Спортската сала „Боро Чурлевски“, се со цел градежните активности да не влијаат на летната сезона, кога и бројот на гости во градот е зголемен.
Иако, топлификацијата не е проект кој го спроведува локалната самоуправа, во рамките на моите надлежности, на овој начин, ги преземам сите неопходни чекори, се со цел побрзо решавање на проблемите и непречено функционирање на сообраќајот во градот.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани