2win800x200

Даниела Андоновска-Трајковска и Весна Мундишевска-Велјановска претставени во Смедерево, Р. Србија

Април 05, 2024

 

Поетесите Даниела Андоновска-Трајковска и Весна Мундишевска-Велјановска на 30 март 2024 г. учествуваа на книжевна вечер и трибина со наслов „Жени, живот, книжевност“ во Смедерево, Република Србија. Двете авторки се претставија со избор од нивното творештво, додека реномираната српска писателка Билјана Миловановиќ Живак, која беше модератор на вечерта и автор на проектот, прочита преводи на нивната поезија на српски јазик.

                Андоновска-Трајковска и Мундишевска-Велјановска зборуваа и за тематските определби во нивните дела, за ангажираната поезија, за моќта на зборот, како и за нивните искуства како уредници на списанија и организатори на книжевни манифестации. Со прашања и мислења се вклучи и публиката, а се дискутираше и за положбата на писателките во книжевноста и општествениот живот.

                Книжевната вечер се одржа во Етно-клубот во Смедерево, а беше организирана во рамки на проектот „Граѓански бран“ на Здружението „Разбивање на тишината“ со поддршка на движењето „Тврдина“ од Смедерево.

Смедерево 30.04.2024 Плакат

Весна Мундишевска Велјановска Смедерево 30.04.2024

Даниела Андоновска Трајковска Смедерево 30.04.2024 1

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани