2win800x200

Милевски-Доста е од корумпирани политичари, на кои политиката им е бизнис

Април 28, 2024

Верувам во промени, во горда Македонија!, рече Пеце Милевски кандидат за пратеник на ВМРО- ДПМНЕ на вечерашниот митинг  во Битола, што се одржува на плоштадот Магнолија. 

 

-Верувам во промени, верувам во човекот кој од партијата кои многу фактори посакуваа да ја снема, тој со мудрост и трпение направи партија која победува! Веруваме во вас Христијан Мицкоски! Нема сомнеж дека како што сега победува ВМРО-ДПМНЕ, ќе победува и Македонија, рече Милевски пред битолчани. 

Тој се обврза дека ќе ја оправда довербата дадена од Мицкоски, честа од ВМРО ДПМНЕ и сите  битолчани, вложувајќи го, како што рече - сиот мој капацитет, учејќи и работејќи како и во минатиот период. 

-Доблеста  е категорија која обврзува да работиме заедно со обврска да ги чуваме интересите на сите граѓани на Македонија и за напредок на Битола. Јас сум вашиот глас, глас во артикулирањето на јавните политики, партнер во решавањето на предизвиците. Доста е од корумпирани политичари на кои политиката им е бизнис. Политиката не смее да биде средство за богатење на грбот на народот.  Втората рабата се промени, и проекти во практикување на политика во почитување на волјата на граѓаните, донесувањето на одлуките, во доследноста на ветувањето. На крајот да ви кажам дека сум горд дека во најпресудните и најцрните премрежја го изодевме најтешкиот пат, рече Милевски.  

436679878 1120219625852091 3862369284539916217 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани