2win800x200

Битолчанката Весна Бендевска стана потпретседател на Собранието

Јуни 14, 2024

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески од СДСМ и Весна Бендевска од ЗНАМ се новите  потпретседатели на Собранието. За нив гласаа мнозинство од пратениците откако претходно на собраниската Комисија за избори и именувања тројцата беа утврдени како потпретседателски кандидати.

За Антонијо Милошоски гласаа 69 пратеници, за Јован Митрески се изјаснија 82 пратеници, а за Весна Бендевска гласаа 70 пратеници.

Од тројцата нови потпретседатели заклетва дадоа само двајца, Митрески и Бендевска. Бендевска заклетвата ја изговори со РС Македонија, додека Митревски ја повтори како што претседателот Гаши ја прочита Република Северна Македонија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани