АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ЈП „Пазари“ Битола добива финансиска поддршка од Општина Битола со ребалансот на буџетот. Поддршката е преку програми и субвенции наменети за осовременување на услугите кон граѓаните со цел да се спречи зголемување на цените на услугите, велат од општината.
Илче Здравески-директор на ЈП Пазари Битола
-Јавното претпријатие „Пазари“ функционира од сопствени средства, односно со самофинансирање, така што како раководство насочени сме кон создавање непречени услови за работа на клиентите и граѓаните, како и одржување на стабилност на претпријатието. Очекувам со зголемувањето на соработката со општината и издвојувањето на 6.000.000 денари од општинскиот буџет, да се надминат тековните проблеми и претпријатието да продолжи успешно и непречено да работи. Ваквиот предлог веќе е поддржан од градоначалникот Тони Коњановски, а верувам дека ќе ја добие и потребната поддршка од Советот на општина Битола со усвојување на ребалансот на Буџетот, со што ќе се надминат сите потешкотии, изкави Илче Здравески, директор на ЈП „Пазари“ Битола за Апла.мк .