2win800x200

Новиот турски амбасадор во посета на Општина Битола

Јули 19, 2024
Новоназначениот амбасадор на Република Турција во земјава Фатих Улусој,
денес престојуваше во прва официјална работна посета на општина Битола,
каде оствари средба со својот домаќин, градоначалникот Тони Коњановски.
 
Амбасадорот Фатих Улусој истакна дека богатата историја на Битола,
поврзана со Кемал Ататурк и големиот број на историски споменици, го
прават градот примамлива локација за турските туристи, кои се најбројни
странски гости во Битола. Тој, исто така, посочи дека лично ќе се заложи
да се продлабочи соработката со туристичките агенции и Битола да биде
град за подолг престој на турските гости во земјава.
 
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски ја посочи и
економската соработка со Турција и истакна дека покрај постоечките, се
најавуваат и други проекти за реализација, значајни за двете страни.
 
Во турската делегација, покрај амбасадорот, присутни беа и полковникот
Речаи Илмаз, советникот за верски работи Мустафа Бодур, третиот секретар
во амбасадата Чунеит Талха Озирек, координаторот на ТИКА – Мехмед
Бајрак, координаторот на Турскиот културен центар Јунуз Емре Ариф Конак
и преведувачот Едис Тахир.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани