АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Изградбата на најатрактивната рекреативна патека за битолчани, патеката „Тумбе кафе – Смолево“, влегува во завршна фаза. Проектот се реализира на барање на голем број граѓани, а активностите ги спроведуваат Општина Битола и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион. Вредноста на склучениот договор изнесува 11.596.320 денари. Активностите на терен се реализираат со задоволителна динамика, така што оваа летна сезона, Битола ќе добие уште еден прекрасно уреден простор за одмор и рекреација.
Видеото од тековните активности е достапно на следниот линк https://www.facebook.com/watch/?mibextid=oFDknk&v=1339854520711652&rdid=dVKSjatBaEHGCEQP