2win800x200

РЕК Битола нема да биде затворен и топловодот ќе биде изграден, рече Мицкоски

Јули 26, 2024

 

Во однос на изградбата на топловодот за Битола, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека топловодот ќе биде изграден и дека нема да биде затворен РЕК „Битола“ бидејќи без неговата работа не може да функционира топловодот. 

„Имаме план како тоа да го реализираме. Топловодот ќе се изгради и ќе се пушти во употреба. Имаме намера сето она што тие го потпишале, а кое е штетно за битолчани, да го поништиме и да вложуваме во иднината на овој регион. Нема да водиме лицимерна политика – од една страна да го затвораме РЕК ‘Битола’ и да оставаме илјадници луѓе на улица, а од друга страна да трошиме повторно пари на граѓаните и да градиме топловод којшто кога би се затворил РЕК ‘Битола’ ќе нема ресурси од каде да се затоплува Битола. Ќе го сочуваме РЕК ‘Битола’ и ќе го изградиме топловодот“, рече Мицкоски. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани