АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Ц.(29) од Скопје и А.Т.(37) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 22.07.2024, полициски службеници од СВР Скопје ги затекнале пријавените при купопродажба на околу 500 грама марихуана.
После тоа, со судска наредба, извршен е претрес во домот кај Д.Ц.во Скопје, при што е пронајдена тегла со марихуана, празни тегли со остатоци од марихуана и дигитална вага.