Во рамките на Битфест на 5 август на платото во Офицерскиот дом во Битола ќе се одржи музичкиот настан „COLORS OF MACEDONIA“ со Оливер Јосифовски и Исмаил Лумановски.
-Оливер Јосифовски и Исмаил Лумановски , ги покануваат нивните долгогодишни пријатели и музички соработници, во еден несекојдневен музички проект насловен како „COLORS OF MACEDONIA“.
Музика создадена специјално за оваа музичка приказна, која што ќе одзвони на 5 Август во Битола,пред платото на Офицерскиот дом.
Музичарите како Алек Секуловски, иноватор ,професор и специјалист по тапани,кој што има богата музичка кариера,и живее и работи во Торонто,
Давор Јордановски, композитир и клавијатурист исто така живее и работи низ целиот свет, Александар Петров перкусионист кој живее и настапува моментално во Дубаи,
Филип Динев гитарист кој живее и работи во Хамбург Германија, и уште многу други музичари, на чело со Вера Милошевска, нам добро познатиот женски вокал ќе ја облагородат битолската музичка атмосфера, со музика инспирирана од многуте векови натрупаното македонско музичко богатство, преточена во модерна музика.
Не го пропуштајте ова музичко патување, соопштуваат од Општина Битола.