2win800x200

Новиот менаџерски тим на ЕСМ во РЕК „Битола“ го одбележа Денот на рударите

Август 28, 2024

 

Генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев, директорот на производство Зоран Коњановски и директорот за правни и општи работи Ѓорѓи Ѓорѓиевски заедно со рударите од електроенергетскиот комбинат и градоначалникот на општина Новаци Стевче Стевановски ја посетија црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Новаци по повод „Денот на рударите“ и празникот Голема Богородица-нивната заштитничка.

По посетата на Новаци, генералниот директор на ЕСМ и дел од членовите на Управниот одбор заедно со рударите на комбинатот присуствуваа на одбележување на Денот на рударите во кругот на РЕК Битола.

„Во мое име, во име на Управниот одбор и во името на сите вработени во АД ЕСМ ви оддаваме признание на вашата тешка професија, за огромниот напор што секојдневно го вложувате и им давате живот на овие рудници. Токму вие сте претставници на една од најтешките професии, секојдневно соочувајќи се со предизвиците и ризиците што ги носат вашите работни задачи. Без вас, како основна движечка сила, ќе беше невозможно РЕК Битола и РЕК Осломеј да функционираат повеќе од четири децении, поточно од далечната 1980 година, кога за прв пат е започнат ископот на јаловина во рудниците за јаглен“, порача Узунчев.

Во оваа пригода, доделени се пофалници за вработени во рудниците кои се истакнале со својата работа изминатата година. 

 

viber image 2024 08 28 12 16 49 884

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани