АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Полицијата соопшти - На 31.08.2024 во 10.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.Д.(29) од Битола. Тој се сомничи дека од февруари 2023 до 31.08.2024 во повеќе наврати преку социјална мрежа упатувал закани кон 49 – годишна жена од Битола и нејзиното семејство и на тој начин од неа изнудил околу 400.000 денари. Н.Д. бил затекнат при примање пари од жената, кои биле пронајдени и одземени. Со наредба на Основен суд Битола, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени две ловечки пушки, различни видови патрони за ловечка пушка и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело. Лицето било приведено во полициска станица и против него по брза постапка е поднесена кривична пријава по член 258 од Кривичниот законик, додека од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.