
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Едногласно, битолскиот Совет ја изгласа иницијативата за ослободување од комунална такса на угостителите во Старата битолска чаршија. Претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски информира дека на денешната 13 седница на Советот како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа иницијатива за ослободување од комунална такса на угостителските објекти – ресторани и кафе барови кои работат во Старата битолска чаршија.
"Нашата цел е да им помогнеме на локалните стопанственици, да ги намалиме нивните трошоци и да создадеме дополнителен поттик за развој на угостителството и туризмот во овој значаен дел од градот.
Старата битолска чаршија е симбол на Битола, место со богата историја, традиција и автентичен дух. Затоа сме должни преку конкретни мерки да придонесеме за нејзино економско и туристичко оживување.
Веруваме дека оваа иницијатива ќе биде поддржана и ќе претставува чекор напред кон поатрактивна, пожива и поуспешна Стара битолска чаршија, изјави Бојкоски.
