АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Граѓани, активисти за правата на животните денеска се собраа пред Општина Битола, барајќи подобри права за бездомните животни. Протестот беше организиран од „Независни активисти за права на животните„ со цел подигање на свеста за оваа проблематика и конечно решавање на проблемот.
Протестот започна на пладне од пред Офицерскиот дом, а активистите се движеа пеш по Широк Сокак се до општината. Речиси сите активисти со себе ги носеа своите домашни миленици, кучињата.
Тие на транспарентите порачаа ; „Стоп за труењето на кучиња“, „Бездомни , а не безвредни“, „Хуман третман на животните“, потоа учесниците транспарентите ги оставија и ги залепија на главниот влез на општинската зграда.