2win800x200

Децата од градинките на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ во посета на полицијата

Декември 10, 2018

Со повеќе активности СВР Битола го одбележа Денот на превенцијата, 9 Декември. Во посета на полицијата денеска беа ученици и децата од ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ 

-Имавме посета од најмалите кои што се најљубопитни . Децата од претшколска возраст, децата од градинките и учениците ги запознавме со опремата и возилата со кои што располага СВР Битола.За прв пат имаме трибина организирана од одсекот за превенција при СВР Битола. Трибината е посветена на  улогата на превенцијата во заедницата и во  МВР, рече Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола. 

deca policija3

Само со меѓусебна соработка меѓу полицијата и граѓаните може да дојде до надминување на проблемите, а полицијата треба да биде сервис на граѓаните .

-Самиот збор превенција ни кажува заштита. Да се заштитиме предвреме од сите непотребни влијанија што ни се случуваат во секојдневието. Целта како превенција е предходно да им кажеме на луѓето за нивното неправилно однесување кон општеството и да кажеме дека сите сторители на кривични дела и на тешки сообраќајни незгоди си одговараат пред законот. Работиме со помладата популација, укажуваме на сите проблеми кои ќе ги затекнат во својот живот, рече Сашо Гилевски, началник на превенција при СВР Битола. 

Во 2008-та година за прв пат во земјава беше одбележан Денот на превенција,9 Декември,  кога  за прв пат се промовирале првите инспектори по превенција во МВР. 

deca policija2

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани