АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Раководителот на Подрачната единица на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Методија Илиевски, денеска повторно беше на терен помеѓу производителите на тутун на откупните пунктови во Општина Могила.
-Тутунот како важна култура во земјоделството како и неговото производство во пелагонискиот регион претставува значајна гранка. Производството на тутун години наназад континуирано се произвдедува што асоцира на добра земјоделска практика и стабилно производство. 90% од производството на тутун е наменето за извоз на странските пазари и приливот на финансии е доста добар за самите производители поради што беше и причина повторно да се појавиме на откупните пунктови, изјави Илиевски
Илиевски ги посети сите откупни пунктови во село Добрушево, информираат од ПЕ на Министесртвото за земјоделство.