2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

За пет години ТИКА поддржа 580 проекти во Македонија

Октомври 21, 2017

Во последните пет години ТИКА реализираше 580 проекти во Македонија, вели Сабри Демири, советник на претседателот на Република Турција во интервјуто за МИА што го направи битолчанецот Мартин Николовски, македонски студент по новинарство во Анкара.

Во интервјуто советникот Демири, кој е роден во Скопје каде го минал и детството, а денес живее во Турција, вели дека ќе продолжат понатаму да даваат поддршка за Македонија.

  

-Се разбира дека ќе продолжи поддршката од Турција.  Помошта за развој на ТИКА (Турска администрација за соработка и равој) вклучува се, но се  ограничени на некои историски дела во Македонија. Би сакал да ја нагласам проектната поддршка што ТИКА ја направи особено во точката на зголемување на институционалниот капацитет. Особено по 2000 година, даде помош  во различни области како што се земјоделството во Македонија, сточарството, техничка поддршка, од училишна изградба или реновирање, пчелно одгледување, модализација на државните административни згради итн- вели Демири.

Тој објаснува дека ТИКА, како една од најважните институции на Турција, која денес стана глобален бренд и работи во 150 земји во светот, ќе потпише и нови проекти кои се многу корисни за Македонија.

- Балканот е многу убав и важен регион. Сараево, Белград, Софија, Атина итн. Сепак, локацијата на Скопје е поинаква. Скопје е еден од најважните центри на историската и современата регионална политика. Затоа можам да кажам дека Скопје ќе биде внимателно следено. Освен тоа, Скопје е градот кој е лично жив и во мојот ум и во моето срце. Постојано работиме на тоа како да пронајдеме трајни решенија за проблемите таму, како да го подобриме квалитетот на животот, благосостојбата, образованието и културата на луѓето таму. Ова е моја одговорност и за претседателот Реџеп Тајип Ердоган и за географијата каде што пораснав и израснав- вели Демири.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани