2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Општокорисна работа, надзор за условно осудените и куќен затвор како алтернативни мерки за затворска казна

Јануари 17, 2019

Денеска во Битола беше промовирана пробациската канцеларија што предвидува новиот Закон за пробација. Станува збор за алтернативни мерки, односно ресоцијализација на затворениците преку општокорисна рабта, условен отпуст со надзор и куќен затвор со електронска алка за следење на осудените лица.

Во рамките на проектот „Јакнење на казнено поправниот систем и пробациската служба“, помеѓу претставници на Управта за извршување санкции, градоначалничката Наташа Птеровска, претставници на јавните претпријатија и судот, се одржа работна средба, а Битола е еден од трите градови покрај Скопје и Штип каде се спроведува овој проект.

-Ако има лице кое направило кривично дело и е осудено на затворска казна од една година , тоа лице ја губи работата, а семејството се става во ризик. Со пробацијата стортелот на кривично дело останува на работното место, а со надзор на полициските службеници сигурно нема да се појави како нов сторител на кривично дело. Бенефитот е огромен, направена е анализа, разликата помеѓу трошоците кои се однесуваат на пробациска казна и затворска казна е фрапантна. Ако треба за едно осудено лице државата да потроши 950 денари на ден, со пробациска казна трошокот ќе биде околу 50 денари. Повратниците се појавуваат затоа што се оставаат без надзор. Сега имаме можност, преку пробациските канцеларии да се изречат општокорисна работа, условна осуда со надзор и секако најтешката казна за пробацијата е домашниот затвор, односно куќен затвор со електронски алките со кои ќе се следат осудените“, изјави Јовица Стојановиќ, директор на Управата за извршување на санкции.

На денешната средба и јавните претпријатија се запознаа со практината примена на Законот за пробација. 

-На оваа средба се разјаснија некои прашања, односно ќе се прави проценка на самата постапка на судскиот процес, а секое лице ќе биде индивдуално третирано, кој за што е способно и што би можело да извршува како општокорисна работа, рече Стојановиќ.

Во наредниот период експерти од Холандија и Германија, ќе доаѓаат да ги обучат пробациските службеници.

„Твининг проектот составен е од две компоненти: јакнење на казнено-поправниот систем и јакнење на пробациската служба. Законот за пробација веќе е во функција, но за жал не се имплементира, поради тоа што нема предмети. Токму заради тоа, во нашиот проект во кој ќе доаѓаат низа на експерти од Германија, Холандија и други земји од Европа ќе работиме преку низа на работилници, тркалезни маси и семинари, токму на прашањето на операционализација на пробациската служба, општокорисната служба и сите други мерки во рамките на алтернативното казнување, со цел во најголема можна мера да се искористат овие законски одредби“, изјави Аксел Бригмен, постојан советник за твининг проектот.

Целта на проектот е да се постигне поголема ефективност и ефикасност во спроведувањето на санкциите, преку имплементација на мерки кои ќе бидат во интерес на заедницата и поединецот.

-Разговаравме околу подобрувањето на казнено - поправниот систем во нашата држава, нешто што е од општ интерес и за општествената заедница и целокупно, за подобрување на состојбите што значат насочување на луѓето кон давање позитивен инпут од нивна страна во заедницата, но и растоварување на самото општество од идни ситуации во кои ваквите лица би останале незгрижени, а од друга страна државата би имала посериозно финансиско оптоварување. Станува збор, за проект кој има поголем и повеќекратен бенефит за општествената заедница. После оваа средба ќе следува и работилница, така што се надеваме дека со забрзана динамика, ваквите намери ќе бидат ефектуирани за скоро, изјави градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Законот за пробација во Македонија е на сила од 2016 година, но досега е искористен само во шест случаи, од кои пет во 2017 година и само еден во 2018 година. Сите казни се за условен отпуст и ниту еден за општокорисна работа или куќен затвор. Овој закон треба да биде решение за пренатрупаноста на македонските затвори. Во  најголемиот затвор во Македонија „Идризово“ со капацитет од 800 затвореници, според официјалните статистики во 2017 година казна издржувале 1.850 осуденици. Во останатите затвори низ државата бројката на затворници се движела околу 2.900, додека четири илјади осудени лица чекаат да влезат во затвор. Македонија, според податоците на Советот на Европа, е трета земја по пренатрупаност на затворите, односно има 123 затвореници на 100 места во затворите, додека европскиот просек е 99 затвореници на 100 затворски места

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани