АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пратениците Васко Ковачевски од СДСМ и Горан Милевски од ЛДП присуствуваа на денешната конститутивна седница на битолскиот Совет. Тие и честитаа на новата градоначалничка Наташа Петровска и на советниците од новиот состав за мандатите.
-Имав покана, но и моја обврска беше да присуствувам на седницата, да им посакам успех на сите избрани членови на Советот. Се надевам дека сите заедно со новата градоначалничка Наташа Петровска ќе работат во интерес на сите граѓани на Битола- рече Ковачевски.
Милевски рече дека со ова се стави крај на коруптивносто владеење на претходната власт.
-Долго го очекував овој момент, да настане промена на власта и да се промени криминалното и коруптивно владеење за кое предупредував уште како советник во 2005 година. Не би го пропуштил овој настан за ништо поради промената на локалната власт,а и за тоа што ЛДП ќе има свој кадар за претседавач на Советот во Битола- рече Милевски.
На седницата не се појави ни еден од пратниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ни Лилјана Кузмановска, ни кандидатот за градоначалник Зоран Илиоски, кој од Петровска беше поразен во првиот изборен круг.