2win800x200

Ресен и уште три грчки општини ќе произведуваат брикети од трска

Февруари 07, 2019

Преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција, општина Ресен заедно со уште три грчки општини, во наредните две години ќе го реализира проектот„Помалку отпад 2“ со кој од третман на органскиот отпад и одржливо искористување на трската во Паркот на природата „Езерани“, ќе се произведуваат брикети.

Во рамките на проектот ќе се вршат теренски истражувања за отпадоци од храна во домаќинствата и угостителските објекти, истражување на методите за собирање на отпад, потоа истражувања за јавната свест во однос на био-отпадот. Истот така ќе се изработат акционен план и студија за одржливо користење на трската во Езерани, потоа ќе се набави механизација за собирање на трската и тревата од водата, контејнери за собирање органски отпад и опрема за производство на брикети.

Исто така, предвидени се и обуки и кампањи за третман на органскиот отпад и компостирање, како и изработка на промотивни материјали и активности за проектот.

Основна цел на проектот е управување со органски отпад, компостирање и производство на брикети во прекуграничната област на Грција и Македонија, а долгорочните придобивки се однесуваат на воспоставување практики за селекција на органски отпад и примена на различни методи при компостирање и натамошна употреба на органскиот отпад.

Проектот, исто така, има влијание врз развивање на свеста кај населението за искористување на природните ресурси и нивна заштита , како што е одржливо искористување на трската за производство на брикети.

Во реализација на проектот ќе биде вклучено и јавното комуналено претпријатие „Пролетер“ од Ресен, како и регионалниот центар за управување со отпад „ДИАДИМА“- Грција

Вкупниот буџет за реализација на овој проект знесува 233.545 евр

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани