2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Европска недела на претприемништвото : Претприемачите секое паѓање да го доживеат како нов почеток

Ноември 02, 2017

Се поголем е бројот на млади луѓе во Македонија, што се охрабруваат да отвора свој бизнис, но се уште треба да се работи за развивање на претприемничкиот дух и да се зголемуваат можностите за младите да се убедат да размислуваат во насока на отворање на свој бизнис.

Ова беше посочено на конференција на тема Поддршка на претприемништвото и малите бизниси , што вечерва се одржа во Битола, во организација на Младинскиот културен центар-Битола и Европската бизнис асоцијација, кои се вклучија во активностите што се организираат низ цела Европа, по повод „Европската недела на мали и средни претпријатија 2017“.

- Трендот е позитивен, младите луѓе го осознаваат претприемништвото како начин на живот, на работење, создавање партнерства, но и пропаѓање. Пропаѓањето е многу важен дел од претприемништвото затоа што ние како култура и традиција, пропаѓањето го сфаќаме како нешто трагично, но секаде во светот тоа пропаѓање се сфаќа како шанса за нов почеток. Тоа ги прави луѓето поискусни и поспремни за следниот предизвик. Препреките се општо познати, отежнат пристап до финансии, бирократски пречки итн, но сето тоа е надминливо и не е нерешливо доколку некој реши да отпочне со свој бизнис. Македонија треба да направи се за да ги отстрани тие бариери кои што се уште постојат за да можеме да кажеме дека е претприемачка земја, а најбитно е да се смени менталитетот. Но, сепак е потребно време, не се менува преку ноќ. Работие одат во подобар правец, но,  треба да се најде начин како тоа да го поддржиме и да го засилиме, рече Димитар Ристовски, извршен директор на Ервопска бизнис асоцијација.

Македонија е држава со најголема младинска невработеност, показател што укажува дека потребно е младите да се поттикнуваат да отворат свој бизнис, велат од МКЦ-Битола.

-Претприемништвотот е иднина на секоја економија во развој и колку побрзо тоа го сфатат младите луѓе, толку побрзо Македонија ќе може да се развива со вистински чекори напред. Ова е настан организиран во рамките на младинската платформа УС , а тоа е активност што се организира во 7 земји, односно во 6 земји од Западен Балкан и Турција. Според истражувањето, Македонија е држава со најголема младинска невработенсот во Европа и токму ваквите настани треба да претставуваат поттик малдите луѓе да се охрабрат и да останат во сопствената држава, да отворат свој бизнис кој подоцна ќе го развиваат и ќе вработуваат нови малди луѓе, изјави Сашо Додовски, од МКЦ-Битола.               

И локалната самоуправа најавува преиспитувае на некои мерки кои што ќе се преземат во иднина со цел да се овозможи развој на претприемништвото во градот и создавање на поволна клима.

-Духот на претприемништвото, како и се друго, не е ништо што доаѓа само по себе. Тоа е нешто во што целокупно треба да се вложи заедницата, тргнувајќи од аспект на образување на малдите луѓе, охрабрување, во што треба да се вклучат сите институции. Токму поради тоа, ценам дека и локалната самоуправа е таа која што теба да ги мотивира, охрабри и да придонесе во будење на тој дух. Локалната самоуправа е таа која што треба генерално на бизнис секторот да му овозможи пријатна атмосфера за развој,  што би претставувало мотив дека навистина постои перспектива доколку имате воља и верба во тоа. Локалната самоуправа, како што ветивме во програмата,  ќе преиспита низа аспекти, сето она што е во духот на негување на тој инстикт за будење на претприемништвото кај младите луѓе, изјави гардоначалничката Наташа Петровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани