2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

На денешен ден почина Фана Кочовска Цветковиќ, најмладиот народен херој во поранешна Југославија

Април 17, 2019

НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 17 април 2004 година, во Скопје почина најмладиот народен херој во цела некогашна Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), ФАНА КОЧОВСКА-ЦВЕТКОВИЌ.

Родена била во селото Лавци, Битолско, на 27 јули 1927 година.

Со неполни петнаесет години во 1941 г. била активен припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење, односно била младинска активистка и член на југословенската комунистичка младинска организација СКОЈ.

Од крајот на 1941 година преминала во илегалство. Била борец во Партизанскиот одред „Гоце Делчев“. Учествувала во славниот Февруарски поход.

По ослободувањето на земјата од фашистичките окупатори вршела високи општествени и државни функции. На Десетиот конгрес на Сојузот на комунистите на Југославија (СКЈ) била избрана за член на Централниот комитет.

Била носител на Партизанска споменица 1941, а прогласена за народен херој на Југославија била на 11 октомври 1953 

подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани