АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ОУ „Гоце Делчев“ од Битола денеска го слави патрониот празник , испраќајќи ја пораката дека многубројните освоени награди , реализирани проекти , предавања, работилници и презентации се доказ за нивната плодна и успешна работа како образовна институција. Одбележувањето започна утрово со полагање цвеќе пред бистата на патронот Гоце Делчев, доделување на пофалници на наградени ученици на училишниот литературен и ликовен конкурс, историски час, спортски активности и презентација на НАНСЕН моделот за интеркултурно образование. Главната свеченост се одржа во Малата сала на Центарот за култура каде беше изведен поетско-музички рецитал. Директорката на ОУ „Гоце Делчев “ Билјана Стојковска пред присутните рече дека реформите во образованието се предизвик за сите, а раководниот, стручниот и наставниот кадар се цврсто решени и ангажирани да го следат императивот, да не се плашат од промени и да бидат активен критички и конструктивен дел од нив во насока на унапредување на воспитно-образованиот процес во училиштето.
-Образованието не е чисто реципрочна активност и договорен процес, тоа бара посветеност како на страната на учениците и наставниците така и на страната на родителите. Почитувани родители на вас гледаме како партнери во воспитно-образовниот процес се со цел стекнување на повисоки и потрајни знаења на вашите деца, нашите ученици, идни алуми со кои училиштето ќе се гордее, рече во своето обраќање кон присутните директорката на ОУ „Гоце Делчев“ Битола, Билјана Стојковска.