Webp.net gifmaker

Прво место за хорот на ОУ „Гоце Делчев“ од Битола на Регионалниот натпревар за хорови и оркестри (видео)

Април 22, 2019

Хорот на ОУ „Гоце Делчев“ денеска ја понесе првата награда на Регионалниот натпревар за хорови и оркестри што се одржа во Битола. На натпреварот настапија ученици од основните училишта во Битола, Ресен и Демир Хисар. Но, највпечатлив беше настапот на хористите од ОУ „Гоце Делчев“ кои ги воодушевија присутните. Хорот од жирото беше награден со 99 поени. Хористите од ОУ „Гоце Делчев“ со овој пласман ќе настапат на Државниот натпревар како трогласен хор, прва категорија со 24 ученици. Тие ги исполнија композициите „Ѕвона“од Запро Запров , и композицијата „Песна за Гоце“ од Кирил Македонски . Диригент на двете композиции е Марија Арсиќ.

slika 1

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани