АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со црвен килим и со погач, денеска беше пречекан во општинската зграда, новиот градоначалник на општина Новаци, Љубе Кузманоски на примопредавањето на функцијата од неговиот претходник Лазар Котевски.
Котевски го запозна Кузмановски со работата на општината, тековните активности и проекти. Новиот градоначалник, пак, вети дека општината ќе продолжи да се развива, а ќе се реализираат и веќе започнатите проекти, но најави и нови активности.
„Општината ќе биде сервис на жителите. Секој кој има било каква потреба или услуга од општина Новаци, ќе биде навремено услужен. Во скоро време ќе започнеме да ги реализираме и проектите кои беа во мојата изборна програма. Исто така новиот буџет ќе го планирам во согласност со потребите на месното население за што во најскоро време ќе остварам средби со нив со цел да ги ислушам “ рече Љубе Кузманоски, градоначалник на општина Новаци.
Лазар Котевски, замина од функцијата градоначалник на Новаци по три мандати, а на последните лоаклни избори, во вториот круг, не успеа да ја добие довербата на граѓаните. Тој освои 977 гласа, а Кузманоски 1183. Во општинскиот совет и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат по 4 мандати и еден независниот советник Стефан Каранфиловски.