2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Етнологот од Битола Наде Геневска Брачиќ, прогласена за музејски работник на годината

Мај 21, 2019

Наде Геневска Брачиќ етнолог, кустос советник во битолскиот Завод и музеј е прогласена за музејски работник за 2018 година. Наградата ѝ ја додели Меѓународниот совет на музеите -ИКОМ Македонија во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите.

Ова е по втор пат Геневска Брачиќ да ја добива оваа награда, првпат беше прогласена за музејски работник на годината во 2012-та.

Позната е по тоа што се залага за промоција на народната и градската македонска облека низ државите на Балканот, па и пошироко. Нејизната изложба за градските костими и по толку години е еден од најуспешните проекти на битолскиот Завод и музеј.

„За мене наградата значи потврда за она што го работам дека на добар пат сум во музејската дејност, како добар музеолог“, изјави за Апла.мк Геневска Бракиќ.

Таа минатата година имаше нова изложба „Народно облекување“, па проект со Дубровачки музеј –Етнографски каде се претстави исто така со изложба, презентација и предавње за Манаки, етнологија и визуелна антропологија. Заедно со Дубровачки музеј за 2020 година планираат заедничка изложба. Организираше и гостување на колегите од Дубровник во Битола со изложбата „Лојдови сликописи“, тука допатува и етнологот Бранка Хајтиќ со која избораат предмети за збирката за 2020 година.

Истата година гостуваше во Регионалниот музеј Шумен во Бугарија со изложба „Традиционални костими од Битола и Битолско“. Две години води и проект за едукација на учениците од гимназијата „Јосип броз Тито“ за етнологијата.

„Имавме едукација за традиционалните костими и везови, а лани работилниците беа поврзани со традиционалната облека и свадбените обичаи. Се изработуваат везови по оригинални примероци. Јас им држам часови по везење. Има цреање, фотографија“, додава наградениот етнолог.

Наде Геневска Брачич во Завод и музеј Битола работи од 1992 година, а има работен стаж од 31 година.

Ж. З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани