2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во Битола се бара свидетелство повеќе

Јуни 20, 2019

Не дај боже некој од наставниците или професорите да погреши пополнувајќи го свидетелството, па да му треба ново. Свидетелства по книжарниците во градот нема, сведочат за Апла.мк група просветни работници во Битола.

Тие велат дека во повеќето училиштата бројот на свидетелства е ограничен. Колку има ученици толку и свидетелства се набавуваат. Ако ненамерно се направи грешка во пополнувањето и треба да се искористи нов лист, нема.

Изминатите години некои наставници и професори, од битолските книжарници купувале уште неколку свидетелства со пари од свој џеб, да имаат за резерва. Но, годинава велат дека нема од каде да ги купат. До лани завршните потврди за успехот на учениците се печателе во „Киро Дандаро“, а годинава тендерот го добила фирма од Тетово.

Наставници од Битола свидетелства оваа година купувале од книжарница во Прилеп за да им се најдат во случај на грешка, за да не го преправаат истиот примерок оти тој документ треба да биде убаво и точно пополнет. Но, и во книжарницата во Прилеп деновиве се потрошиле свидетелствата. Сега просветарите треба да внимаваат на секоја бројка и буква, како и да не се погреши дури го печатат текстот или да не се размачка ако рачно го пишуваат.

Им било кажано дека ќе пристигнат нови свидителства од идната недела, а некои од учениците оценките ги земаат во понеделник и вторник. Настанавниците велат дека ваков недостаток на свидетелства не се случил години наназад.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани