2win800x200

Младите и ризиците кои водат кон асоцијално однесување-тема на која расправаше Локалниот совет за превенција на Општина Битола

Јуни 22, 2019

Конкретни проблеми со кое се соочуваат граѓаните на Битола, особено за младите и ризиците кои водат кон асоцијално однесување, како и начините кои можат да придонесат за превентивно делување беше темата на која се разговараше на првата седница на Локалниот совет за превенција на Општина Битола.

За да може  да се воспостави ефикасен систем на работа потребна е постојана комуникација и соработка на полицијата со други институции, како и поддршка од локалната самоуправа. Локалниот совет на превенција ќе има методологија за функционирање и работа, ќе се формираат тематски,проблемски работни групи.

На  конститутивната  седница, присуствуваа претставници од повеќе институции од општината, а ја водеше градоначалникот на Општина Битола, Наташа Петровска.

Локалниот совет за превенција е востановена можност и форма за градење на безбедна средина за живеење на локалното население преку препознавање на локалните проблеми и градење на локални стратегии за решавање на проблемите со адекватно вклучување на надлежните субјекти. Овој совет е една од најпрепознатливите алатки за развивање и градење на капацитетот на полициското работење во заедницата. Тој помага во градење на доверба и за подобрување на партнерството помеѓу институциите, локалната самоуправа и граѓаните.Локалниот совет за превенција ги вмержува сите клучни субјекти во една општина кои можат да влијаат на квалитетот на живеењена граѓаните. Тој и „помага“ на полицијата за извршување на нејзината превентивна дејност, односно во решавањето на безбедносните проблеми на граѓаните, велат од Општина Битола.

sovet za prevencija 5

sovet za prevencija 4

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани