"Комуналец" ги поздравува иницијативите на граѓаните, но повикува да се консултираат за поставување реквизити

Јуни 26, 2019
 
 ЈП „Комуналец“ ги поздравува сите иницијативи на граѓаните за собирање на отпад и грижата за почиста животна средина. Но, исто такс,  ги повикува граѓаните, пред секоја нивна иницијатива да го консултираат претпријатието за начинот на поставување на одредени реквизити,б и тоа подлежи на соодветна законска регулатива.
 "На територијата на градот Битола, ЈП „Комуналец“ има поставено 250 мали канти за отпад, на соодветни локации. Според Програмата за работа на јавното претпријатие, усвоена од Советот на Општина Битола, секој ден специјално возило и вработено лице од „Комуналец“ ги празнат кантите за отпад, за што пак, се фактурира и наплаќа од граѓаните, според веќе утврдената програма за работа", информираат  од ЈП "Комуналец" и ги повикуваат граѓаните да го пријават секое уништување на кантите за отпадоци низ градот
 
"Во насока на соодветна граѓанска одговорност и свесност, ги охрабруваме граѓаните, кои имаат визии за почиста Битола, кога ќе забележат вандалско уништување на кантите за отпадоци низ градот, да реагираат соодветно до нашата институција или до битолската полиција, со цел да се одржат законско поставените соодветни канти за отпадоци во градот" се наведува во соопштението од "Комуналец".
 
 65674055 353977578643187 2701145966571945984 n
(Фото: Кеси за ѓубре се поставени и во близина на места каде има постоечки канти за отпадоци) 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани