2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Ќурчиевски ја презеде функцијата генерален директор на РЕК Битола од Ковачевски

Август 01, 2019

Златко Курчиевски и официјално ја презеде функцијата генерален директор на РЕК-Битола од неговиот  претходник Васко Ковачевски кој од неодамна е на чело на АД ЕСМ .

-Чест ми е што денеска можам и официјално да ја предадам функцијата генерален директор на РЕК-Битола, на човек кој што ќе ја вложи целата своја стручност и капацитет, а тоа е Златко Курчиевски, кој што е вработен 20 години во комбинатот и кој извршувал различни одговорни функции. Додека јас бев директор во РЕК Курчиевски ја извршуваше функцијата директор на производство  и неофицијално  мој заменик. Убеден сум дека Ќурчиевски заедно со новиот тим што ќе се формира во РЕК Битола ќе може да се носи  со целиот предизвик во комбинатот и дека заедно во комуникација со Управниот Одбор на АД ЕСМ и јас како генерален директор ќе ги подобриме позициите и релациите и дека ќе го овозможиме комплексното производство на целокупната компанија, рече Ковачевски пред медиумите .

67450938 703757670061479 2738884280833802240 n

Ќурчиевски својата професионална кариера ја гради во РЕК Битола од 1998 година  од млад приправник , напредува се  до  денес  кога застанува на чело на РЕК-Битола.

-Сето мое искуство со менаџирањето и познавањето на процесот на производство во РЕК –Битола сигурен сум дека на адекватен начин ќе го искористам во раководењето на комбинатот, нормално со огромна поддршка на генералниот директор АД ЕСМ , Васко Ковачевски, реле Ќурчиевски.

васк

Ковачевски од неодамна ја презеде функцијата прв човек на АД ЕСМ и вети дека ќе ја оправда довербата дадена од владата.

-Чест и одговорност е да се води АД ЕСМ, довербата на Владата која што ми ја даде сметам дека максимално ќе ја оправдаме , ќе ги задржиме постојните добри резултати  во производство, инвестиции и ќе ги подобриме . Очекуваме дека соработката која што ја имавме како РЕК-Битола И АД ЕСМ сега ќе ја продлабочиме и подобриме во комуникацијата и сите оние предизвици , проблеми и потреби кои што во минатото можеби стоеја на страна ќе ги подобриме , но да  не ја заборавиме општествената одговорност на компанијата да ја поддржиме локалната заедница   посебно за општините Битола, Новаци и Могила.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани