2win800x200

Драган Видановски нов директор на рудници, Стевче Божиновски нов директор на производство во РЕК-Битола

Август 01, 2019

Драган Видановски е нов директор на рудници во РЕК-Битола, додека за директор на производство е назначен Стевче Божиновски.

 

-Директорот Ковачевски и јас сме само индивидуи кои навистина сме на најодговорните функции, меѓутоа ако не се потприме на добри и стручни соработници , добри менаџери, ништо од ова не би било успешна приказна, напротив. Во таа насока ние презедовме дополнителни мерки како што знаете јас бев и ве-де директор на рудници и директор за производство, тие две места се испразнети. Драган Видановски е назначен за директор на рудници, додека Стевче Божиновски за директор на производство , најави Златко Ќурчиевски, генерален директор на РЕК Битола.

Кон средината на август генералниот директор  Васко Ковачевски најави големи промени и во менаџерскиот тим на АД ЕСМ, и не ја исклучи можноста во својот тим да вклучи и кадри од РЕК Битола.

-Има една изрека што вели „тимот што победува не се менува“, јас би бил среќен да можам голем дел од овие луѓе да ги земам  како мои соработници во АД ЕСМ. Но во исто време би ослабнале капацитетите во РЕК-Битола.Сметам дека има во Скопје и во останатите подружници доволно квалитетни кадри кои што можат да се носат со одговорноста на функциите кои што се во дирекција на АД ЕСМ , но тоа не значи дека нема некој од квалитетните кадри да се приклучат во мојот тим, рече Ковачевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани