2win800x200

Над стотина земјоделци од Могила подигнаа картички за „зелена нафта“

Август 08, 2019

Градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска заедно со раководителот на ПЕ Методија Илиевски учествуваат  во доделувањето на картичките за „зелена нафта“, разговарајќи со земјоделците околу критериумите кој се може да ја користи оваа владина мерка. Денеска во Могила над стотина земјоделци подигнаа картички за „зелена нафта“.

јас

-Денеска во дисперзираната канцеларија на ПЕ на Министерството за земјоделство во Општина Могила, стотина земјоделци ги подигнаа картичките за „зелена нафта“ и ја искористија можноста да не одат во Битола , туку овде во Могила да ги подигнат картичките. Ние како рурална општина ја поздравуваме оваа мерка на Владата на Р.С.Македонија бидејќи е важна за земјоделците и е од помош за земјоделскиот буџет. Од друга страна со ова се докажува дека Владата се залага за подобрување на состојбите во земјоделието, изјави за „Зелена берза“ градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска.

Според евиденцијата на ПЕ на Министрството на земјоделие во Битола  над 3600 земјоделци од пелагонискиот регион треба да подигнат картички за „зелена нафта“ Од нив над 1000 земјоделци се токму од Општина Могила, над 600  земјоделци се од Општина Новаци, додека останатите се под Општина Битола.

тој

-Денеска сме во Могила, во нашата дисперзирана канцеларија, целата ние е да ги увериме граѓаните дека навистина се реализира проектот „зелена нафта“. Тука сме со нашите колеги од Министерството да ги поделиме што побрзо картичките да можат и земјоделците што побрзо да ги користат овие бенефити, изјави Методија Илиевски, раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Битола.

Илиевски вели дека во битолскиот дел на Пелагонија има над 5000 регистрирани земјоделци , но не сите имаат право на картичките за „зелена нафта“. Критериумите за оваа мерка на Владата се однапред определени, но ова мерка не можат да ја ползуваат и оние земјоделци кои досега не им се подмирени обврските кон Водостопанско претпријатие и кон ЈП Стрежево .

Картичка за „зелена нафта“ му беше доделана на пелагонискиот земјоделец Дарко Шамбевски од селото Радобор, Општина Могила.

-Јас сум производител на пченка, градинарски култури, грав,  пипер, лук. Оваа нафта е за минатата година, тогаш произведував земјоделски култури на над 30 хектари земја, годинава ги намалив површините.  Само грав имав посадено на над 50 декари, 20 хектари со житни култури, и останиот дел со пченка. Парите што денеска ги земам со картичката за „зелена нафта“ не ми се доволни зошто јас имам  голема потрошувачка, но добро е што еден дел од трошоците ми се надоместува со оваа мерка на Владата. Правам евиденцијата колку трошам нафта и дел од тој трошок ќе го покриеме со оваа мерка, што е добро, изјави Шамбевски, земјоделец од селото Радобор.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани