АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Отстранети се техничките проблеми со киното во Центарот за култура и директорката Маја Андоновска Илијевски најави дека подготвени ќе ги дочекаат гостите на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ што почнува идната сабота и филмските проекции.
„Технички сме екипирани и подготвени да ги отвориме широко вратите за 40-то издание на ‘Браќа Манаки’. Ова е приказна што трае 40 години, а ние како Центара за култура годинава прославуваме 39 години постоење, се надевам дека нашата заедничка приказна ќе продолжи и дека ќе славиме уште многу години заедно“, рече Андоновска Илијевски.
Киното времено запре со проекциите кон средината на минатиот месец поради технички проблеми, по што беа преземени неопходните чекори за ставање на техниката повторно во функција. На својот фејсбук профил директорката на Центраот за култура најави дека престојува филмски викенд оваа недела, а киното си продолжува со работа и по одржувањето на фестивалот „Браќа Манаки“ кој ќе трае од 14 до 21 септември во Битола.
„Во еден неврзан разговор со директорот на Кинотека на Република Северна Македонија ми кажа дека нашол статистика по која киното во Центарот за култура по број на посетители е второ во цела земја. Ќе ги поканам битолчани да потврдиме она што нѐ води како втор град во Републиката по број на публика и да ги наполнеме салите за време на филмскиот фестивал“, рече Андоновска Илијевски.