АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Петар Николовски истакнат член на СДСМ е избран да ги води младите социјалдемократи од Битола во наредните две години. На денешната редовна конференција за избор на Николовски присуствувале дел од општинското раководство на СДСМ Битола, дел од поранешните претседатели на СДММ Битола, како и генералниот секретар на СДММ Виктор Велевски, потпретседателот на СДММ Никола Рилак и членот на извршниот одбор на СДММ Марко Спиркоски.
Николовски е избран едногласно. На конференцијата исто така се избрани и извршниот и надзорниот одбор.