2win800x200

Целосно асфалтиран регионалниот пат Битола-Рапеш-Старавина

Октомври 15, 2019

Пуштен во употреба е целосно асфалтираниот регионален пат Рапеш-Старавина во должина од 9 км.

Станува збор за инвестиција од 36.000.000 денари , средства обезбедени од Јавното претпријатие за државни патишта и изведувач на градежните работи ЈП Македонија пат . На свеченоста присуствуваа директорот на Агенцијата за државни патишта Зоран Китанов , генералниот директор на ЈП Македонија Пат Беким Мемети , градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски и жители од селата од мариовскиот крај.

Со градежните активности се започна минатата година кога беа асфалтирани 6 км, а оваа година со асфалтирањето на останатите 3 км целосно се асфалтира регионалниот пат Битола-Рапеш-Старавина со вкупна должина од 53 км.

-Денес е голем ден за жителите од мариовските села кои гравитираат во нашата општина. Благодарение на Владата на Р.С. Македонија и ЈП за државни патишта го решивме деценискиот проблем на жителите од овој регион .Не ги оставивме заборавени и излагани , напротив со силни заложби успеавме да ги пуштиме во употреба останатите 9 км нов асфалтен пат од регионалниот пат Рапеш-Старавина за денес сите жители од овој крај да ги користат бенефитите од употребата на веќе 53 км асфалтиран регионален пат и поврзување на Битола со Старавина и Градешница. -истакна градоначалникот Кузманоски.

Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов потенцираше дека  за регионот како што е Мариово со севкупната природна убавина , потенцијали и ресурси  од големо значење ќе биде доасфалтирањето на овој регионален пат со целосно поврзување со асфалтен пат Битола со Старавина и Градешница. Тоа истовремено ќе значи и развој на туризмот , враќање на жителите од овој крај во родните места.

72352923 499176990812955 8597904002601975808 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани