2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Малиот битолски Монмартр во Хонг Конг со изложба на “Art Next Expo 19“

Ноември 01, 2019

Цртежи од Малиот битолски Монмартр создадени во Битола на последната колонија ќе бидат изложени на водечкиот уметнички саем за независни меѓународни уметници, на третото издание на “Art Next Expo 19“.Саемот се одржува од 1 до 4 ноември, во Хонг Конг, а не него ќе се претстават стотици уметници од целиот свет. Малиот битолски Монмартр има свој штанд, на кој се претставени делата кои ги создадоа младите уметници во мај годинава во Битола.

Елена Хаџиантоновска од Малиот битолски Монмартр на својот фејсбук профил напиша дека се прават последните припреми за изложбата во Хонг Конг и ќе бидат претставени 50 дела од годинешната колонија.

„Тоа се дела на кои е насликана архитектура, што значи дека во Хонх Конг ја преставуваме и убавината на битолските градби“, рече Елена  Хаџи Антоновска за Апла.мк.

74336777 10157351620354543 3887848308084834304 n

74692428 10157351620594543 5705339087473344512 n

А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани