2win800x200

27 златни и 3 сребрени медали освои "ЗА НЕД ДО" во Солун

Ноември 27, 2017
  •  
    Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” на 6-тиот интернационален шампионат во боречки вештини и 10-тиот традиционален сегрчки шампионат во боречки вештини
    “Мигдониа” 2017-та кои се одржаа во Солун на 25 и 26 ноември, и овој пат постигнаа огромен успех.
    Македонскиот тим составен од 21 натпреварувач, кои се натпреваруваа во борби, демонстрации со традиционално оружје и демонстрации во самоодбрана, во конкуренција од 6 држави (Македонија, Грција, Кипар, Албанија, Естонија и Молдавија) и учество од над 70 академии, школи и клубови кои беа дел од сегрчкиот шампионат, или севкупно учество од над 1.100 натпреварувачи, освои 30 медали од кои 27 златни и 3 сребрени.
    “Веќе неколку години во организација на Светската организација за боречки вештини, а во реализација на Грчката федерација за боречки вештини ние сме почестени да бидеме дел од овие два настани. Интернационалниот натпревар кој годинава бележи свое 6-то издание е можност да го компарираме нашиот квалитет со земји кои не ни се географски блиски а сепак ги негуваат на високо ниво боречките вештини, додека трета година по ред имаме чест да сме земја гостин на домашниот огромен настан насловен како “Мигдониа” кој е апсолутно најголемиот шампионат во боречки вештини на ниво на Грција каде партиципираат буквално сите клубови, школи и
    академии. Некако традиционално и годинава успехот е голем, за што често знам да констатирам дека прво е резултат на квалитетот и професионализмот кој ние го практикуваме кога се боречките вештини во прашање, а потоа и обврска за следниот шампионат, било тоа да е регионален, меѓународен а особено светски куп да постигнеме подобар
    успех. Во секој случај лично сум задоволен што “ЗА НЕД ДО” повторно ја издигна Македонија на првото место на пиедесталот во светот на боречките вештини.” – истакна Златко Неделковски – шеф на македонската делегација.
     
    “Ние сме прилично познати во светот на боречките вештини, и тој успех од шампионат до шампионат оди само во нагорна линија. Оваа година повторно поради самофинансирањето бевме во неможност да партиципираме со целокупниот тим, но изборот на натпреварувачи го оправдавме со квалитет. Искрено многупати по големи успеси ме прашуваат што е следно што само ние можеме да го постигнеме. Овој пат ќе истакнам што посакувам.Ние доволно постигнуваме. Сега посакувам барем на еден шампионат да имаме можност да заминеме без теретот дали имаме или не финансии за сите натпреварувачи, па потоа
    ќе зборуваме уште колку историја имаме ние да испишеме за боречките вештини во светот кога е Македонија во прашање.” – изјави главниот тренер – Дијана Неделковска.
  •  
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани