“ЗА НЕД ДО” од Солун донесе 12 златни медали за Македонија

Ноември 18, 2018

Академијата за боречки спортови и вештини “ЗА НЕД ДО” од Битола,  на на 7-тиот Интернационален и 11-тиот Сегрчки шампионат за боречки вештини и спортови "Мигдониа" 2018-та кој се одржа  на 17 и 18 ноември  во Солун,  освои 12 златни и еден сребрен медал.

На натпреварите учество зедоа членки од држави од светот и регионот на Балканот како и над 150 клубови од домаќинот со над 2.000 натреварувачи, додека македонскиот тим беше составен од 8 натпреварувачи кои се натпреваруваат во повеќе дисциплини.

Комплетниот состав на македонската делегација во која беа и членови и родители ја предводеше главниот тренер на Академијата “ЗА НЕД ДО” трикратниот светски првак во екстремна самоодбрана, Дијана Неделковска.

-Годинава, традиционално поради финансиски проблеми Академијата беше приморана да состави мал но компактен тим. Тргнавме со осум натпреварувачи, очекувањата како и секогаш беа посветени кон професионалниот технички дел во борбите и демонстрациите, а победите т.е. 13-те медали беа само потврда дека патеката по која чекориме е исправната. На нас е да продолжиме во нашата спортска мисија, во која се промовира највисоко на пиедесталот Академијата, Битола и Македонија, на институциите е дали ќе не испочитуваат како што е редот." - изјави Дијана Неделковска, главен тренер на Академијата “ЗА НЕД ДО”.

 

za ned do 01. Kopiraj

za ned do 02. Kopiraj

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани