АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со оглед на бројот на пратеници што ЛДП го има во македонскиот Парламент, ние можеме само да иницираме постапки за промени на изборниот модел, изјави денеска во Битола претседателот на ЛДП и министер за локална самоуправа, Горан Милевски. Тој посочи дека во партијата анализираат за промени и во начинот на учество во процесот на гласање и гласање на македонските иселеници во дијаспората.
-Ние во ЛДП анализираме како да се заштедат средства при гласањето на дијаспората и нашиот предлог е доколку не се пријават 50.000 иселеници за да гласаат на изборите, тогаш гласањето во дијаспората воопшто да не се реализира бидејќи познато е дека трошиме милиони евра за гласање на дијаспората, а таму одзивот е многу мал и неможат да изберат пратеник од дијаспората. Ние не сакаме да се укине правото на дијаспората да гласа, но доколку се постигне одреден цензус на пријавени за гласање, тогаш тоа да се реализира. Сметаме дека е нелогично да испраќаме лица за следење на процесот на гласање и гласачките кутии во Кина, Америка, Австралија…, а притоа да не се изберат пратеници од тие места. Ние апелираме и ќе вршиме притисок преку јавноста за промена на изборниот модел, односно избори во една изборна единица и начин на гласање на дијаспората.
Владеачката коалиција е спремна за вакви измени, бидејќи во предизборната програма имавме воведено една изборна единица и оторени листи, но за таа работа потребен е консензус од сите политички партии како од македонскиот, така и од алабнскиот блок. Според моите информациии ВМРО-ДПМНЕ се уште немаат одгвор за тоа дали прифаќа една изборна единица. Кај владеачко мнозинство има расположение таа работа да се истера до крај. Кај албанскиот блок поделени се ставовите, но доколку има согласност тоа не значи дека промента на изборниот модел ќе важи за овие избори. Подготвени сме промените да важат за следните парламентарни, избори после овие априлски, но политичката клима и расположение да се искористат за да се најават некои промени кои долгорочно би се реализирале, рече Милевски.
Е.М.