Webp.net gifmaker

Огласи на ФБ профилот на Груевски

Ноември 28, 2017

Објавата на лидерот на  ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на неговиот ФБ профил, со кој тој ги повикува граѓаните „да излезат на протест пред Основниот суд во Скопје и да се спротистават на антидржавната политика на владеачката хунта“,  се претвори во огласник. Покрај коментарите за поддршка и изразен револт,  во текот на денот,  многумина,  во коментари објавуваат огласи.

Стојан Михајловски објави дека продава мали прасиња од 20 до 25 килограми и остави број на мобилен телефон.

gruevski fb 2

Антонио Тасевски пак објави дека продава автомобил „Југо 45“ со атестиран плин и во продолжение си го пофали возилото со зборовите „коска е“.

 

Даниел Стефановски,  напиша дека  продава ракија од 56 степени и додава –„цена во инбокс“.

gruevski foto 3

Дел од коментарите се избришани, а дел се се уште на ФБ профилот на Груевски, а во продолжение на огласите, луѓето прашуваат за цена, година на производство итн

gruevski fb4

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани