2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Оставки од Груевски и локалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ во Битола побара членството

Декември 01, 2017

Лидерот Никола Груевски и   локалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ  во Битола, немаат легитимитет да управуваат со партијата, изјавија вечерва на прес конференција сегашни и поранешни членови на партијата и побараа оставки.

Прес конфернеција одржаа  на улица, пред партиското седиште во Битола и рекоа дека настапуваат во името на преседатели на месни кометитети, на голем дел од членството, Унијата на жени и Унијата на млади во Битола. Оставките ги бараат поради лошите резултати на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, но и како што велат, лошите политики на Груевски.

-Бараме оставка на општинскиот комитет  на ВМРО-ДПМНЕ на Битола, на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, оставка на претседателот Никола Груевски. Овој општински кометет, два изборни циклуси во 2016 и 2017 година, а посебно на локалните избори 2017, направи најкатастрофални резултати од постоењето на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Заради бившиот градоначалник Талески и двајцата пратеници од Битола, кои се одалечија и никој не ги сакаше меѓу членството на ВМРО-ДПМНЕ поради нивната ароганција, во голема мера ги изгубивме изборите, изјави Никола Талевски, член на ВМРО-ДПМНЕ.

Бараната оставка од Груевски ја образложуваат со неговите лоши политики кои ја доведе  партијата во целосна изолација.

-Откако,  Никола Груевски, се скара со цела меѓународна заедница, односно со амбасадорите на најмоќните земји, како што се Германија и САД, а и откако се скара со сите албански партии, ВМРО-ДПМНЕ е целосно изолирана и во Македонија, а и од целата меѓународна заедница, со што поради неговите лични интерси, доведен е во прашање и опстанокот на партијата, изјави Талевски.

Најаваената оставка на Груевски ја коментираат како позитивен исчекор за состојбата во која се наоѓа партијата и реформите кои ги бара членството во наредниот период. 

Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Борче Димитровски не сакаше да ги коментира барањата за оставки од поранешни и сегашни членови на партијата. Изјави дека секој може да одржи прес конференција на улица и да бара оставка, но тоа за него не е легитимен начин.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани