АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во интервју за Курир, објавено денеска, најавува дека ќе поднесе оставка пред органите на партијата.
-Јас вечерта после првиот круг на изборите кажав јасно дека претседателот на партијата носи најголема одговорност. Потоа во телевизиско интервју појаснив дека секогаш во еден тим кој се натпреварува, било политички, спортски, бизнис или слично, најголемата одговорност по дефиниција ја носи првиот човек. Тие кои добро ме познаваат и оние кои добро разбираат политички пораки ме разбраа. Независно каков ќе е исходот од анализата на изборите, дури и ако е таков дека објективно мојата вина е мала или најмала или дури ако се утврди дека немам објективна вина за поразот, јас ќе поднесам пред органите на партијата оставка.
Партијата, согласно статутот ќе оргазнизира вонреден конгрес, на кој освен извештајот за анализта на изборите, ќе се избере и претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа го мислев и тогаш на 15ти октомври вечерта, но заради актуелноста на изборите го кажав со политички речник. Тоа го мислам и сега, и бидејќи двата круга на изборите поминаа, емоциите од кампањата стивнаа, и можам да го кажам и најдиректно и понепосредно, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на прашањето дали Никола Груевски ќе остане претседател на ВМРО-ДПМНЕ или не.
На прашањето кога ќе се одржи конгресот, Груевски рече дека за тоа ќе одлучат орагните на партијата, но додаде дека оставката не мора да е поврзана со резултатите од анализата кои треба д азавршат за недела до две.