АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Могила започна со чистење на одводниот атмосферски канал во населеното место Могила.
Каналот во должина од 1 километар ќе биде исчистен од растителната вегетација, наталожена тиња и отпадоци кои го отежнуваат нормалниот проток на атмосферските води.
“Заради превенција од поплави кои пред неколку години нанесоја огромни штети на граѓаните на населеното место Могила, започнавме со чистење на овој одводен атмосферски канал. Воедно апелираме до граѓаните да се грижат за функционирањето на каналската мрежа, како и укажуваме дека е забрането затрупување на отворените одводни канали, шанци и ендеци, узурпирање на одводните канали како и поставување на објекти покрај каналите кои би пречеле на фунционалноста на каналската мрежа.”-изјави Јасмина Гулевска, градоначалник на Општина Могила.
Чистењето на овој канал се реализира со средства од буџетот на општината.