2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

СОУ „Таки Даскало“ домаќин на ученици од пет европски држави во проект од Еразмус

Ноември 11, 2019

Што е одржливост и што значи да се биде граѓанин е темата на меѓународниот проект „Одржливо живеење-Активни граѓани“, а домаќин на овие активности е СОУ „Таки Дасакало“ од Битола. Овој проект се реализира во рамките на програмата Еразмус Плус, водечка програма на Европската Комисија фокусирана на образованието, обуката, младите и спортот. Во овие активности кои ќе се одвиваат до 17 ноември, учествува група од 40 тина наставници и ученици од партнерски училишта во проектот и тоа од Норвешка, Германија, Финска, Италија и Франција.

-Учениците ќе извршуваат активности кои ќе ги научат како да живеат одржлив живот и да станат активни граѓани во нивните локални зеедници,а ќе се запознаат и со култруното наследство на секоја земја, а целта е да дознаат што им е заедничко на сите. Конкретно во Битола, во рамките на оваа активност учениците заеднички ќе работата на запознавање и споредување на иновативни идеи за одржлив социјален равој. Низ неколку работилници ќе учат што е одржливост и што значи да се биде активен граѓанин. Ќе се обработуваат социјални теми и тоа зајакнување на квалитетот на животот на локалното население, квалитетот на работатат без дискриминација итн, вели координаторот на проектот Гордана Јордева.

Е.М.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани