АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Могила, започна реконструкцијата и рехабилитацијата на регионалниот патен правец кој ги поврзува населените места Могила и Радобор.
„Со реконструкцијата на овој регионален патен правец се подобрува безбедноста во сообраќајот во овој дел од општината и се овозможува побрза и побезбедна комуникација. Безбедноста на учесниците во сообраќајот е еден од приоритетите во работењето на Општина Могила, поради што континуирано се инвестира во изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта.” - изјави Јасмина Гулевска, градоначалник на Општина Могила.
Проектот за рехабилитација и реконструкција на регионалниот патен правец помеѓу населените места Могила и Радобор го изведува ЈП Македонија пат.