2win800x200

Општината догодина ќе го санира просторот околу Брзата помош со бехатон плочки

Декември 11, 2019

Градоначалничката на Општина Битола  Наташа Петровска, во Здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел“ во Битола оствари средба со раководниот тим на оваа здравствена установа. Пред дефинирањето на општинскиот буџет за наредната 2020 година, особено кај јавните претпријатија, во кои дел од нивните активности имаат допирни точки и со оваа институција, денешната средба имаше за цел да бидат дадени предлози од сите страни во насока на подобрување на взаемната соработка и испорачувањето на услугите.

Директорката на Здравствениот дом д-р Весна Спирковска истакна дека во изминатите две и пол години се преземени низа чекори за подобрување на условите за работа во установата. Набавени се нови апарати, реновирани се дел од објектите, а речиси за половина е зголемен бројот на вработени доктори. Дел од нив се испратени на специјализација, со цел да не се почувствува недостаток на кадарот. Сепак, за одредени одделенија и проширување на дејностите, потребен е поголем простор, кој оваа установа го нема.

20191211 132757

Градоначалничката Петровска истакна дека општината во дел од своите можности ја помага оваа установа, а досега со општински средства инфраструктурно е решено поставувањето на бехатон плочките околу домот, со што е реализирана тротоарска целина. Исто така, Општина Битола ја разбра важноста за потребата на поставување настрешница во делот на Брзата помош за заштита на возилата и дава своја поддршка преку своите служби во подготовка на документација за овој проект. Во следната година, општината предвидува да го санира просторот околу брзата помош со бехатон плочки.

На средбата беа дадени и други предлози и забелешки од страна на медицинскиот тим до градоначалничката Петровска, а исто така таа беше запозната и со новите проекти за реновирање на депото за инсулин и останатите предвидени активности на оваа здравствена установа.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани