АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола, во рамките на проектот CINECULTURE од ИПА Програмата за Прекугранична соработка со Република Грција, Општина Битола, денес ја објави тендерската постапка за набавка на кино опрема која ќе може да се користи за кино проекции во Кино Манаки, но и како мобилна опрема за филмски проекции на отворено. Како што информираат од општината тендерската постапка може да се најде на веб страната на Општина Битола, на следниот линк http://www.bitola.gov.mk/invitation-to-tender-for-supply-o…/. Тендерската документација, може да биде поднесена најдоцна до 09.01.2020 година, а право на учество имаат сите субјекти кои ги исполнуваат условите, наведени во документацијата, велат од таму.